Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Овој петок, 13 декември, во Македонија времето ќе биде променливо облачно време со слаб локален дожд, а на планините со снег. Пообилни врнежи ќе има од ноќните часови.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје, Маврово и Крива Паланка 9 Целзиусови степени, Охрид 7, Битола 8, Кавадарци 12, Берово 7, Дојран 14 степени.

Прогнозата и за утре е претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во Скопје 10, Маврово 5, Охрид 7,Битола 9, Кавадарци и Дојран 12, Крива Паланка 9, Берово 6.

За в недела прогнозата е претежно сончево и потопло со дневни температури од 9 до 15 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…