Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Овој петок во Македонија носи сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 23, а дневната од 26 до 37 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе спушти до 19, а дневната ќе достигне 36 степени. Маврово 26, Охрид, Крива Паланка и Берово 30, Битола 33, Кавадарци 36, Дојран 37.

За време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од понеделник следува период на сончево време со пораст на температурите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…