Home Актуелно Петличковски нов раководител на Комисијата за заразни болести – тимот дополнет со уште 16 лекарски експерти

Петличковски нов раководител на Комисијата за заразни болести – тимот дополнет со уште 16 лекарски експерти

Со цел да бидат вклучени повеќе лекари клиничари, но и медицински стручњаци чијшто мислење не било земено предвид во справувањето со пандемијата, новиот министер за здравство Беким Сали денеска го оформи новиот состав на Комисија за заразни болести.

Задржа десетммина од постоечката а ја прошири и дополни со нови 16 имиња. Претседателот Жарко Караџовски останува член, но нема да раководи, бидејќи изборот на министерот Беким Сали, падна на директорот на институтот за имунобиологија, Александар Петличковски. Освен смената на раководството во новиот состав влегуваат и лекарите Нико Беќаровски, Арбен Лабеништа и Злате Мехмедовиќ кои беа гласни и често ги критикуваа одлуките и мерките на здравствените власти.

Секој вторник, составот ќе дискутира и предлага мерки до минситерот. Новиот челн и претседател со уверување дека нема да се копираат препораките туку ќе се почитуваат и следат научните студии во и надвор од земјата.

Што и како одлучиле побрзо ќе стасува во јавноста бидејќи комисијата за прв пат доби член но и лице одговорно за односи со јавноста.

Комисијата порасна со бројот на членови и тоа ќе биде проблем за носење на едногласни одлуки за идните мерки и препораки, согласен е Мехемдовиќ. Сепак, комисијата предлага а министерот за здравство ја носи последната одлука што ќе и предложи, пак, на владата како мерка или препорака.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…