Петков пречекан од Ковачевски – јаболко од бугарската новинарка за македонскиот премиер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денеска, со највисоки државни и воени почести, ден по изборот на новата македонска Влада започна официјалната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на земјава.

Пред платото на Владата тој беше дочекан од македонската делегација предводена од премиерот Ковачевски, а по неколку часовните состаноци на двете делегации исходот во срдечна атмосфера го соопштија заедно.

Бугарија го признава краткото име на земјава, а Скопје и Софија историските прашања ќе ги остават во втор план и ќе им се даде повеќе време. Двајцата премиери соопштија и дека двете земји дополнително ќе формираат пет комиси со кои се очекува да се зголеми соработката на културен, образовен и економски план, а кои ќе се состануваат на неделно ниво. Бугарскиот премиер изрази и уверување дека авионската линија Скопје- Софија ќе биде готова за два месеца.

Веќе за една недела предвидено е да се одржи и првата меѓувладина седница со Бугарија од која како што кажаа Ковачевски и Петков имаат големи очекувања. Напредок се очекува во однсо на трговската размена, инфраструктурата и образованието.

Историската комисија да каже за што е согласна досега и да се состанува како и останатите комисии барем еднаш месечно, побараа двајцата премиери. Петков тврди дека го почитуваат правото на самоопределување, а пршаањето за јазикот, вели е решено со Договорот од 2017.

Прашан дали се задоволни и дали има нешто спорно во одговорот на 5+1 темите што Османи ги достави до Софија во декември, бугарскиот премиер не одговори конкретно. Инаку, краткото име е една од точките, и со денешниот состанок, може да се смета за затворена.

Крајот на прес-конференцијата го одбележа гестот на бугарската новинарка Илина Беновска која на Ковачевски му подари јаболко, во како што рече, знак на доверба согласно бугарските традиции..