Home Живот и здравје Пешачењето во корист на учењето

Пешачењето во корист на учењето

Учениците, кои секој ден пешачат од 20 до 30 минути имаат повеќе концентрација за учење и се чувствуваат подобро и посмирено, покажа едно истражување на компанијата Intelligent Health.

Во студијата учестувале 2.500 деца од седум и осум години кои пешачеле од дома до училиште.

Осум од десет ученици изјвиле дека се посмирени и дека полесно се концентрират, а поголем број од нив имале подобар имунитет од врсниците кои помалку пешачат.

Основачот на компанијата доктор Вилијам Бирд заклучи дека најпозитивни ефекти од пешањето има кај хиперактивните деца со дефицит на внимание, иако тоа не е официјално докажано.

Претпоставка на експертите е дека физичката активност пред наставата позитивно влијае на концентрацијата и однесувањето на децата со таа дијагноза.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …