Пеперутките се кревки и чувствителни суштества…
Пеперутката симболизира многу нешта: времето, духот, елеганцијата и женственоста, светлината, леснотијата, созревањето, чувствителноста и уште многу други работи, затоа што списокот е речиси бескраен. Но, нејзината највпечатлива карактеристика е неверојатната трансформација — метаморфозата, од гасеница во прекрасна и нежна пеперутка, што претставува чудо на природата и за научниците и за секојдневниот човек.
Сите ние, барем еднаш во животот, сме доживеале искуство што ни го сменило правецот и поради кое сме станале поинакви луѓе. Токму затоа, бидејќи фазите на животот на пеперутката можат да се споредат со нашите сопствени, многумина се решаваат да ја имаат нејзината слика истетовирана, како симбол на победа над тежок период од животот што го надминале.
Како тетоважа, пеперутката секогаш изгледа прекрасно на кожата, без разлика дали е минималистичка, дискретна, шарена, црно-бела или пак во различни димензии. Сето тоа зависи од желбата на оној што сака на својата кожа да носи вечен примерок на уметност во форма на пеперутка. Таа истовремено е потсетник на лошите времиња, но и на новите, убави почетоци.
Избравме неколку прекрасни тетоважи — опуштете се и разгледајте ја нашата галерија.