Home Актуелно Партиските лидери и Катица Јанева денес на средба со европратениците

Партиските лидери и Катица Јанева денес на средба со европратениците

Делегација на Европскиот парламент денеска ќе престојува во еднодневна посета на Македонија. Европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан ќе се сретнат со политичките лидери во земјава, со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и со претставници на граѓанското општество.

Според информациите од дипломатски извори, тема на средбите ќе бидат изборите и текот на изборната кампања.

Известувачот за напредокот на Република Македонија во Европскиот парламент европратеникот Иво Вајгл, непосредно пред посетата изрази оптимизам дека изборите закажани за 11 декември ќе бидат демократски и транспарентни, што е услов за земјата за продолжување по патот кон европската и евроатланстката интеграција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…