Парното ќе се наплаќа според потрошувачка – нова давачка од 300 евра за парно корисниците?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со новиот Закон за енергетика се предвидува наплатата за партно греење да биде според тоа колку потрошиле корисниците, а не како досега, според квадратурата на домот.

Со овој закон предвидено е секое домаќинство да стави мерачи на секој радијатор во домот, за да може да се мери потрошувачката. Тоа граѓаните, според еден од креаторите на законот, Константин Димитров, би ги чинело по околу 50 евра од радијатор, или во просек по 300 евра од домаќинство.

Во Законот се вели дека секој објект што се прикучува на системот за дистрибуција на топлинска енергија, а кај кој што се врши испорака на топлинска енергија преку еден мерен уред на повеќе потрошувачи, мора да има вградено уреди за мерење на локалното распределување на топлинска енергија.

Ако се земе предвид дека во едно домаќинство кое се грее на парно во просек има по 4 радијатори – тоа би значело дека секое домаќинство ќе треба да издвои по најмалку 200 евра од својот буџет за инсталација на мерачи.

Ги прашавме и граѓаните што мислат за Законот. Мислењата се поделени, некои од нив велат дека е добро што конечно парното ќе се плаќа според потрошувачката, но велат и оти мерачите се многу скапи.

Во Законот никаде не е споменато како ќе се третираат оние домаќинства кои се исклучени од системот за парно греење