Падна пресуда за „Тарифа“ – по 3 години затвор за бившите раководители на ЕЛЕМ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со пресудата која денес беше изречена за случајот „Тарифа“, судот им досуди по 3 години затвор на сите тројца обвинети во случајот на СЈО.

Според судот поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски заедно со раководителите Методиј Стоименовски и Ненад Ѓорговски сториле кривично дело злоупотреба на службена положба, односно незаконски набавиле софтвер за потребите на компанијата во вредност од четири милиони евра.

Според обвинението, тројцата обвинети причиниле имотна штета на компанијата од над 450 илјади евра.

Судот го задолжи осудениот Ѓорговски да плати оштета од 20 000 евра, а Стоименовски 30 000евра, во рок од 3 месеци од денот на пресудата.