Време е за дебели шалови и топли капи, но и за зачини кои ќе ви помогнат во борбата против настинка и ќе ја одржат кожата убава во овој период од годината.
Станува збор за куркумата и пет начини како да го користите овој златен зачин.
1. Спречете настинка
Сакате да поминете зима без кашлање? Еден од најдобрите природни антибиотици е мешавината од мед и куркума. Нарекуваат „златен мед“ и служи како превентива од настинки и грип. Измешајте една лажица куркума во прав со 100 грама мед и ставете ја смесата во стаклена тегла.
Кога ќе почувствувате симптоми на настинка, користете го златниот мед три дена:
- Првиот ден на секој час по половина лажичка
- Вториот ден: половина лажичка на секои два часа
- Третиот ден: половина лажичка само три пати во денот
Почекајте медот да се стопи во уста или додајте го во топол пијалок.
2. Смирувачки чај
Кога температурите паѓаат, чај со куркума е одличен начин да се загреете. На пример, чајот Pukka Herbs Organic Turmeric Active комбинира куркума, лимон, кардамон и цели листови зелен чај. Куркумата има противвоспалително дејство и содржи антиоксиданси кои го штитат телото од микроби, бактерии и вируси.
3. Избелување на заби
За блескава насмевка, направете паста од кокосово масло и куркума и измијте ги забите како и обично. Текстурата на куркумата помага во отстранување на наслаги и дамки, а нејзините антибактериски својства ја чистат усната шуплина. Потоа исперете со вода и исчистете со обична паста за заби.
4. Маска за лице
Знаете каква е кожата кога ќе заврши летото – губи сјај и е посува? Куркумата може да помогне. Благодарение на своите лековити својства, идеална е за зимска нега: го враќа природниот сјај и ги ублажува знаците на стареење.
5. Како зачин во исхраната
Најлесен начин да вклучите куркума во дневната исхрана е да ја додавате во омилените рецепти – со зеленчук, месо, ориз и тестенини. За сладок избор, пробајте „златно млеко“ – популарен антивоспалителен пијалок.