Home Мода и убавина Овој прекрасен мирисен сет го подигнува расположението и ве исполнува со позитивна енергија

Овој прекрасен мирисен сет го подигнува расположението и ве исполнува со позитивна енергија

Дали некогаш сте забележале како веднаш се подобрува вашето расположение кога ќе добиете парфем како подарок?

Или како едноставно се чувствувате подобро штом влезете во парфимерија и ве облеат миризливи ноти што го исполнуваат просторот? Тоа не е случајност, ниту магија – туку чиста наука. Мирисите имаат моќ директно да влијаат на нашите емоции и енергија.

ЗОШТО МИРИСИТЕ ВЛИЈААТ ТОЛКУ СИЛНО?

Нашето чувство за мирис е директно поврзано со лимбичкиот систем на мозокот – центарот задолжен за емоции, спомени и расположение. Кога вдишуваме одреден мирис, не го регистрираме само неговиот аромат – туку се активира цел емоционален склоп: сеќавања, сензации и често – чувство на радост. Тоа е таканареченот „Проустов феномен”, именуван според сцена од романот „Во потрага по изгубеното време“, каде вкусот на колаче потопено во чај предизвикува бран од спомени. Иако Марсел Проуст тоа го опишал интуитивно, науката подоцна потврдила дека мирисите се најбрз пат до емоционалниот центар на мозокот.

КОИ МИРИСИ НЕ ИСПОЛНУВААТ СО ПОЗИТИВА?

Постојат мирисни ноти кои не само што нè релаксираат, туку и го активираат лачењето на хормони на среќа, рамнотежа и виталност. Еве неколку состојки со докажано позитивно влијание врз расположението:

Цитруси (лимон, мандарина, грејпфрут) – како течна еуфорија, го стимулираат допаминот и ја будат енергијата.

Лаванда – позната по своето смирувачко дејство, но и како нежен стимуланс на сетилата.

Ванила – носи чувство на топлина и сигурност, налик на прегратка.

Тонка – создава чувство на благосостојба и задоволство.

Нане и гераниум – за ментална јаснотија, внатрешен мир и баланс.

Цимет – ја подига енергијата и го намалува чувството на замор.

Нероли (цвет од портокал) – има едно од најсилните природни антидепресивни дејства.

Многу парфеми веќе ги содржат овие бенефитни ноти – можно е да ги одбирате потсвесно затоа што ви даваат емоционална поддршка во текот на денот.

ПАРФЕМИ ШТО ГО ОСВЕТЛУВААТ ДЕНОТ

Ако барате моментален подем на доброто расположение, еве неколку мирисни креации што не само што мирисаат прекрасно, туку носат радост и живост. Ако ви е потребен емоционален лифтинг, заборавете на кофеинот – мирисите се новата супермоќ. Најдете го оној што ве буди, освежува и прегрнува – и нека стане вашиот личен сојузник во секојдневието полно со предизвици. Вистинската миризлива нота во вистинскиот момент може целосно да ви го преобрази денот.

Во галеријата погледнете го нашиот избор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

6 фантастични SPF креми што мора да ги пробате летово

Кремите за лице со заштитен фактор не се летен луксуз — туку задолжителен дел од вашата be…