Дозволете да ве освои со полниот вкус!
Овие меки колачиња не содржат пченично брашно ниту јајца, па затоа се одличен избор за луѓе со алергии. Рецептот може лесно да се прилагоди и за луѓе кои се на веганска исхрана или алергични на млеко.
Потребни состојки:
– 100 грама брусница
– 2 лажици семе од лен
– 140 грама овесно брашно
– 1 лажичка прашок за печиво
– ½ лажичка сода бикарбона
– ½ лажичка сол
– ½ лажичка цимет
– 2 лажици мек путер
– 30 грама кафеав шеќер
– 50 грама кокосов шеќер
– 1 лажичка ванила екстракт
– 130 грама овесни снегулки
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете два големи плеха со хартија за печење.
2. Измешајте го лененото семе со 3 лажици вода во чаша и оставете го на страна неколку минути.
3. Во друга садница, измешајте го брашното со прашокот за печиво, сода бикарбоната, солта и циметот.
4. Во посебен сад изматете го путерот со кафеавиот и кокосовиот шеќер околу две минути додека не стане пенест. Додадете ја ванилата и претходно подготвеното ленено семе и продолжете да мешате до добивање на мазна смеса.
5. Додадете ги овесното брашно и овесните снегулки во смесата, потоа вметнете ги и брусниците. Сето тоа убаво измешајте го со изматениот путер.
6. Со мокри раце формирајте топчиња со дебелина од околу половина сантиметар и наредете ги на плехот, оставајќи доволно растојание меѓу нив бидејќи ќе се рашират при печењето.
7. Печете околу 12 минути додека не добијат убава златно-кафена боја.
Уживајте во овој здрав и вкусен десерт!