Home Живот и здравје Оваа пракса и навика пред спиење е прилично штетна за вашето здравје

Оваа пракса и навика пред спиење е прилично штетна за вашето здравје

Според резултатите до кои дојде едно научно истражување, не смееме да го користиме мобилниот телефон барем пред спиење бидејќи тоа е навика која му штети на нашето здравје.

Зборувањето на телефон пред спиење не е ни најмалку здрава навика. Од направената студија утврдено е дека оние кои го практикуваат тоа патат од главоболка, несоница и хроничен умор.

Во истражувањето учествувале 36 жени и 35 мажи, на возраст од 18 до 45 години. Некои од испитаниците примиле радијација еднаква на онаа која ја емитува мобилниот телефон за време на разговорот, а останатите биле подложни на лажна радијација.

Личностите од првата група чувствувале главоболка, несоница, а другата група немала никаква последица. Научниците сметаат дека зрачењето делува на дел од мозокот кој е одговорен за контрола на стресот.

Затоа тие препорачуваат да го исклучуваме телефонот во текот на ноќта и да не го користиме непосредно пред да спиеме.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …