Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Симптомите на карцином на белите дробови се многу слични како оние кои предизвикуваат помалку сериозни болести.
Така, на пример, зачестеното кашлање кое типично ги мачи асматичарите, додека редовните инфекции на дишните патишта често можат да бидат само знак на ослабен имунитет и изложеност на алергии на пример.
Меѓутоа, ако покрај тоа страдате од болка во градите, губите апетит и килограми без очигледна причина, отежнето дишете и искашлувате крв, важно е што е можно побрзо да се јавите на лекар за да се отргне секој сомнеж за карцином на белите дробови. Особено е опасен фактот што карциномот на белите дробови не дава никакви симптоми на почетокот на болест, па не е чудно што го нарекуваат „тивок убиец“. Важните промени кои требат да се земат предвид се и зделебувањето на врвовите на прстите на рацете- целиот прв зглоб на секоја прст може да биде отечен па и да има црвена боја. Доколку оваа промена е вродена, укажува на срцеви маани, но ако изненадно се појави, неопходно е пациентот итно да се јави на лекар.