“`html
Проверете како да јадете, а да не стареете!
Дали користите правила за здрав начин на живот или пак се обложувате на некоја од популарните диети?
Ако консумирате за појадок и вечера јаглехидрати во комбинација со повремен пост, можете значително да го подмладите вашиот организам. Во годината постојат неколку ситуации кои водат до уништување на вашата фигура: одмори, новогодишна вечер, празници, родендени или „посебни прилики“. Често подоцна, се чувствувате забавено, отечено и генерално во прилично лоша состојба. Што да направите за да го оживеете телото, кожата и да му дадете инјекција на енергија која ви е неопходна?
Станува збор за аутофагија, процес кој намалува воспаленија и ги одстранува нечистотиите и токсините од целото тело, кој трае само 15 дена. Тоа е вид чистење внатре во клетките и отстранување на оштетените делови, за да се заштитите од стареење, меѓу другото. Тоа е стимулативно внатрешно чистење кое води до подмладување – по две недели ќе го подмладите организмот за добри неколку години.
Процесот на аутофагија може да се спореди со рециклирање на материјата во телото. За да го разберете овој феномен, размислете за пост или исхрана заснована на периодичен пост. Под нормални околности, нашето тело го управуваат два процеси: анаболизам и катаболизам. Анаболизмот е реакција која води до создавање нови клетки, а катаболизмот е умирање на клетки. Анаболизмот е посветен главно на млади, растечки организми, а преголемиот катаболизам може да се види за време на патолошки болести, исцрпеност на телото, пост и на крај во подоцнежна возраст.
Како треба да изгледа диетата?
Прво, јадете многу масти и протеини за појадок 4 дена неделно и јаглехидрати за вечера. Умерени количини темно чоколадо и црно вино се препорачливи. Зошто? Поради богатството од флавоноиди.
Најдобро е да се консумираат јаглехидрати навечер, кога нивото на кортизол е најмало, а телото се подготвува за спиење. Поголема количина серотонин плус јаглехидрати совршено ќе го подготват вашето тело за спиење.
Најтешката работа во оваа „исхрана“ е 16 часа пост. На пример, ако вечерате во 20:00 часот, следниот оброк можете да го консумирате само на пладне наредниот ден. Во деновите на пост ограничувате калории и протеини, што го тера телото да согорува масти. Ако правилно го изведете овој процес, вашето тело ќе го отстрани тоа што е вишок – масти и брчки.
Како тоа изгледа во пракса?
Првиот ден за појадок, изедете „протеинска торта“: јајца, сланина, спанаќ и сирење. Потоа направете кардио тренинг со висок интензитет. За ручек исто така консумирајте протеини и генерално помасен оброк, а за вечера можете да уживате во јаглехидрати. Следниот ден нека биде ден за пост. Можете да пиете чај и пред се да консумирате јадења со ограничена количина на протеини, масти и јаглехидрати.
Заговорниците на оваа диета истакнуваат дека по неколку дена кожата ќе биде поздрава и сјајна. Оваа исхрана ќе ги елиминира и воспалителните процеси во телото. Вистина е дека секое воспаление во телото многу брзо се одразува на изгледот. Вреди да се тестираат сите нови диети, под услов да се 100% безбедни.
Да потсетиме дека во 2016 година Јошинори Ошуми од Јапонија доби Нобелова награда за медицина за откритието за аутофагијата – начинот на кој телото ги разложува и рециклира клеточните компоненти.
“`