Home Вебкафе Со ова скриено камерче ќе можете да правите пренос на настани во живо

Со ова скриено камерче ќе можете да правите пренос на настани во живо

Американската компанија Јубиквити произведе нова камера скриена во кругол приврзок за ѓердан. Камерата „Фронт-Роу“ има големина на паметен часовник, а со помош на апликација е поврзана со мобилен телефон.

Круглиот екран е прилагоден и чувствителен на допир, а импресивната батерија овозможува пренос во живо, на пример, на долги спортски настани.

Камерата поддржува видеостриминг на Твитер, Фејсбук и на Јутјуб, а освен тоа поддржува и сервиси како што се Дропбокс, Спотифај и други за зачувување на датотеки и репродуцирање на музика.

Уредот има за цел да ни биде од полза и да ни ги упрости секојдневните работи, но колку тој ќе биде револуционерна направа која ќе сакаат да ја имаат, останува да се види.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…