Откриени првичните планови на Путин: Мислел дека Украина ќе ја заземе за 10 дена – еве што било планирано и кој знаел за тоа


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Според деталите кои ги откри за јавноста Британскиот институт за одбрана и безбедност, планот на Москва пред инвазијата на Украина бил истата да биде завршена за 10 дена.

Врз основа на пронајдените руски документи, кои наводно ги потпишал Владимир Путин, Русија планирала да ја преземе Украина во рок од 10 дена и да ја припои до август оваа година, објави Кралскиот институт за одбранбени и безбедносни студии, пренесува ПлусИнфо.

Офицерите дознале неколку саати пред нападот

Институтот, инаку поврзан со британската армија, исто така пишува дека само мала група руски функционери биле запознаени со целосниот обем на плановите, односно дека планот не бил соопштен дури ни на воените лидери до неколку часа пред почеток на војната.

Документите открија и дека Русија планирала да ги заземе украинските електрани, аеродроми, водоснабдување, централната банка и парламентот, како и дека руските специјални служби имале задача да го убијат украинското раководство.

Да се уценува Европа преку украинските нуклеарки

Украинската разузнавачка заедница исто така верува дека Русија планирала да ги искористи белоруските воздушни единици за да ги заземе нуклеарните централи Ривне и Хмелницки.

Во планот за инвазија, наводно, е детално запленувањето на нуклеарните централи на Украина за да се заштитат руските трупи, да се преземе контролата врз енергетскиот систем на Украина и потенцијално да се уценуваат европските земји со ризик од радијациона контаминација.

Русија планираше да ја започне инвазијата со „масовно лансирање ракети и воздушни напади“ против украински воени цели, според Институтот. Се додава дека Москва не планирала да ја таргетира критичната инфраструктура како што се електрани и железници, бидејќи тие се клучни за нејзините планови да ја окупира земјата.

За Русите постојат четири типови Украинци

Рускиот контраразузнавачки режим наводно составил списоци на некои Украинци. Според таа листа, тие беа поделени во четири категории: оние кои треба да бидат убиени, оние кои треба да се замолчат и заплашат, оние кои се сметаат за неутрални и треба да се охрабруваат да соработуваат и оние кои се подготвени да соработуваат.