Иако денес луѓето во теорија отворено зборуваат за сексот, и понатаму постојат прашања околу сексуалното здравје кои се обвиени со многу дезинформации. Една од тие теми е и оралниот секс.
Во духот на вашето сексуално образование, во продолжение ви ги претставуваме некои од најчестите митови поврзани со оралниот секс во кои дефинитивно треба да престанете да верувате – уште вчера.
МИТ БРОЈ 1: Оралниот секс не е „вистински“ секс
Иако многумина сметаат дека оралниот секс не е вистински секс, податоците велат нешто друго. Според податоци од институтот Кинси, 71% од возрасните луѓе анкетирани го сметаат оралниот секс за „секс“ во целосна смисла на зборот. Како што предиграта може да биде нагласен дел од сексуалниот однос, така и оралниот секс може да биде главниот чин.
МИТ БРОЈ 2: Со орален секс не може да се доживее оргазам
Во реалноста, оралниот секс може да доведе до посилен и порепетитивен оргазам. Според мислењата на експерти, комбинирањето на вагинален и орален секс ја зголемува веројатноста за доживување оргазам повеќе отколку која било поединечна форма сама по себе.
МИТ БРОЈ 3: Оралниот секс е само за предигра
Една од работите со која треба да престанеме е восприемањето на оралниот секс како нешто што се прави само пред актуелниот однос. Не дека не може да биде дел од предиграта, но понекогаш знае да биде и многу попријатен од пенетративниот секс. Иако често доаѓа пред останатите сексуални активности, оваа форма на интимност сама по себе има сопствена вредност.
МИТ БРОЈ 4: Оралниот секс не бара никакви мерки за заштита
Иако преку орален секс не може да дојде до бременост, преносот на сексуално преносливи инфекции е сè уште можен. Исто како и кај секоја друга форма на секс, безбедноста треба да биде на прво место.
МИТ БРОЈ 5: Преку орален секс нема пренос на ХИВ
Можеби во вашата глава ХИВ се поврзува само со пенетративен секс, па верувате дека оралниот секс е безбеден. Но тоа не е сосема точно. Една од најчестите заблуди е дека сексуалниот контакт со ХИВ-позитивна личност автоматски води до заразување. Постојат степени на инфективност кога вирусот може да е поактивен или послаб. Освен тоа, сите ние имаме различен имун одговор на инфекции. Затоа, во секој случај, не треба да се заборави употребата на соодветна заштита.