Home Актуелно Опозицијата бара граѓаните за името да се изјаснат на референдум

Опозицијата бара граѓаните за името да се изјаснат на референдум

Одлуката околу решението на проблемот којшто Република Грција го има со нашето име не е и не може да биде екслузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието.

ВМРО ДПМНЕ ги осудува изјавите на господинот Талат Џафери и ќе се спротистави на намерите мнозинството пратеници сами да изгласаат каква било промена на името без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и притоа мнозинството од нив да бидат согласни со понуденото решение, стои во соопштението што го испрати опозицијата.

Оттаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија и нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и на македонскиот јазик и култура.

Додаваат дека нивната партија останува посветена на процесот на интеграција во семејството во кое припаѓа политички, културно и економски.

„Членството во ЕУ и НАТО ќе значи додадена вредност како за нашата, така и за регионалната стабилност, политичко заедништво и економски развој“, порачува опозицијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…