Home Шоубизнис Оперaција на Милош Биковиќ! За да може нормално да оди, зафатот мораше да се повтори

Оперaција на Милош Биковиќ! За да може нормално да оди, зафатот мораше да се повтори

Милош Биковиќ итно опериран

Дека Милош Биковиќ бил опериран, се дозна само неодамна, иако несреќната ситуација со повредата се случила одамна, исто како и самата хируршка интервенција.

Всушност, актерот, кој со години наназад работи во две држави, во декември го скршил коленото.

Веднаш бил примен во една од најдобрите клиники во Русија, каде што немало дилема дали е потребна интервенција.

Првпат влегол во операциона сала кон крајот на минатата година, а според изјавата на близок извор, втората операција ја имал пред две недели.

Наводно, повредата била од таква природа што двојната интервенција била неизбежна, а актерот веднаш потоа со сопругата и синот допатувал во Белград.

Сега е во фаза на опоравување и се чувствува добро.

– Опоравувањето ќе трае најмалку еден до два месеца. Покрај Милош се неговите најблиски, а веднаш штом закрепне, продолжува со снимања во Москва – открил извор за Блиц.

Откако бил опериран, Милош Биковиќ сè уште не се огласил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…