Олександр Онишченко – во САД е на црна листа, кај нас доби државјанство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање на денешната петта седница треба да расправа за улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.

Претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов во вторникот најави дека директорот на АНБ Виктор Димовски ќе треба да објасни како службеници на Агенцијата го пропуштиле низ безбедносниот филтер Онишченко, кој е обвинет за корупциски зделки во Украина и ставен на американската „црна листа”.

„Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата“, рече Пренџов.

Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквестријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

И премиерот Димитар Ковачевски во вторникот изјави дека упатил барање до институциите, кои биле вклучени во донесувањето на позитивни мислења за доделување на државјанството на Онишченко, да поднесат извештај за тоа дали и како е спроведена процедурата.