Home Актуелно Официјален Кремљ ги предупреди САД повеќе да не испраќаат оружје на Украина

Официјален Кремљ ги предупреди САД повеќе да не испраќаат оружје на Украина

Русија ги предупреди САД повеќе да не испраќаат оружје за Украина, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон за руската државна телевизија, пренесе новинската агенција Ројтерс.

„Ја истакнавме неприфатливоста на оваа ситуација кога САД фрлаат оружје во Украина и побаравме да престане оваа практика“, рече Анатолиј Антонов во интервју за ТВ каналот „Россија 24“ и додаде дека „е испратена официјална дипломатска нота до Вашингтон во која се изразува загриженоста на Русија“, јави Ројтерс.

Најавата за поголема американска воена помош за Украина се случи за време на првата американска посета на високо ниво на Киев по инвазијата на Русија кон крајот на февруари. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин му кажаа на претседателот на Украина, Володомир Зеленски, и на неговите советници дека САД ќе обезбедат повеќе од 300 милиони американски долари за странско воено финансирање и одобрена продажба на муниција од 165 милиони долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…