Home Шоубизнис Одредени местото и времето – Виндзор, 19 мај, 2018 година

Одредени местото и времето – Виндзор, 19 мај, 2018 година

Принцот Хари и Меган Маркл ќе се венчаат на 19 мај, следната година – оваа информација е официјално потврдена од Кенсингтонската палата.

Славниот пар минатиот месец ја објави нивната свршувачка и најави венчавка за наредната година во капелата Сент Џорџ во дворецот Виндзор.

Принцот Хари и американската актерка Меган Маркл љубовната врска ја започнаа во јули, минатата година, кога се запознаа на состанок кој им го „намести“ нивни заеднички пријател.

Кралското семејство ќе ја финансира венчавката, вклучително и услугата, музиката, цвеќето и рецепцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…