Од вечерва на полноќ ново поскапување на горивата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва на полноќ на сила стапуваат новите, повисоки цени на бензиот и дизелот.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.09.2019 година и со тоа од утре ќе се продава за 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,50 ден/лит и ќе се точи по цена од 72,00 ден/лит.

Цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.09.2019 година и ќе изнесува 64,00 ден/лит.