Home Шоубизнис Од создавачот на „Господар на прстените“ стигнува нова епска авантура (ВИДЕО)

Од создавачот на „Господар на прстените“ стигнува нова епска авантура (ВИДЕО)

Откако повеќе од успешно го режираше „Господар на прстените“ и „Хобит“, Питер Џексон учествуваше во пишувањето на сценариото за новата епска авантура под назив „Смртоносни машини“, додека режисерскиот дел му припадна на Кристијан Риверс.

Илјада години откако цивилизацијата е уништена поради катаклизма, луѓето се прилагодуваат на условите и новиот начин на живот кој еволуцираше. Гигантските градови во чекор, сега лутаар во планетата, немилосрдно освојувајќи мали градови.

Том Нетсворти (Роберт Шиан), кој потекнува од помало ниво од Лондон, познатата метропола која сега е во покрет, ќе се најде во битка за опстанок откако ќе ја запознае опасната Хестер Шо (Хера Хилмар).

Две спротивности, чии патишта никогаш не смееле да се вкрстат, не сакајќи ќе направат сојуз кој е предодреден да ја смени иднината.

Филмот ќе се најде во кината од 13. декември, а до тогаш, погледнете го трејлерот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …