Актуелно

Од полноќ на сила стапија повисоките цени на горивата

горива

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ, понеделник кон вторник, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапеа за денар по литар, а за половина денар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Новата цена за литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 64,5 денари, а 66 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се продава по 55 денари, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) чини 44 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,417 ден/кг и сега изнесува 34,759 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, малопродажните цени на горивата во просек се зголемија за 1,28 проценти.

Од РКЕ Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,468 проценти, дизелот за 2,983 проценти, екстра лесното масло за 3,177 проценти и кај мазутот за 1,94 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,23 проценти.

To Top