Home Вебкафе Од НАСА тврдат: Престојот во вселената ги подмладува астронаутите

Од НАСА тврдат: Престојот во вселената ги подмладува астронаутите

Американската вселенска агенција НАСА ги објави првите резултати од експериментот со набљудувањето на Скот Кели, кој повеќе од една година престојуваше на Меѓународната вселенска станица (ИСС), и на неговиот брат близнак Марк Кели, кој е на Земјата.

Медицинските прегледи на астронаутот Скот Кели откако се вратил дома, водат до заклучок дека престојот во Вселената, од засега непознати причини, предизвикува процесот на стареењето на клетките или целосно да запре или дури и да почне да тече во обратен правец, пишува порталот „Спејс“.

Во соопштението на НАСА се вели дека „теломерите на Скот Кели почнаа да се издолжуваат во Вселената, што може да се поврзе со намалената употреба на храна и повишената физичка активност на платформата на ИСС. Но кога тој се вратил на Земјата, теломерите одново почнале да се намалуваат”.

Теломерите се завршетоци на хромозомите, коишто ги заштитуваат од оштетување или „трошење“, и во текот на животот на човекот постепено се скратуваат.

Споредбената анализа на крвта на еднојајчените близнаци покажа и други занимливи резултати. За време на престојот на Скот Кели во Вселената, се скратила брзината и прецизноста на неговата меморија, се наголемиле и забрзале инфламаторните процеси, се зголемило нивото на мастите и хормоните во телото, а му се сменил и составот на микрофлората во неговите црева. По враќањето на космонаутот на Земјата, сите тие промени во неговиот организам се вратиле во нормалните параметри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…