Home Актуелно Од денеска се замрзнуваат цените на млекото, млечните производи, тестенините и зејтинот

Од денеска се замрзнуваат цените на млекото, млечните производи, тестенините и зејтинот

Од денеска на сила стапува мерката за замрзнување на цените на тестенините и на млекото и млечните производи. Ова вчера го најави министерот за економија Крешник Бектеши по разговорите со увозниците и производителите на кои им остави рок до денеска сами да ги намалат цените.

„Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени, не само на овие производи, ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде што ќе ни покажуваат анализите дека имаат поголеми профити или пак маржи од тоа што е редовно, што значи дека над 10 посто ќе има намалување во делот на тестенините, во делот на млечните производи ќе оставиме до утре, зашто гледам и самите ги намалуваат а ги повикувам до утре да направат исти чекори како што направија одредени компании.“, рече Бектеши.

„Над 10% ќе ги намалиме цените на тестенините, а за млечните производи, ќе оставиме за утре. Затоа јас ги повикувам производителите на овие продукти да ги намалат цените уште денеска, како што тоа го направија некои производители, а ако не ги намалат тие, ние ќе преземеме“, додаде Бектеши.

Владата од 1-ви март одлучи ја ограничи цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари и покрај противењето на најголемите македонски пекари, кои најавија тужба против државата поради, како што велат, големите штети што ги претрпеле со оваа одлука.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…