Home Актуелно Од денес во Босна и Херцеговина може да се патува и со лична карта

Од денес во Босна и Херцеговина може да се патува и со лична карта

Македонски граѓани, веќе од денес ќе може да патуваат во Босна и Херцеговина само со лична карта, најавија премиерот Зоран Заев и претседавачот на Советот на министрите на БиХ, Денис Звиздиќ, на заедничката прес-конференција во Владата.

Ова значи дека и на граѓаните на БиХ за влез во Македонија нема да има биде потребен пасош, туку само лична карта.

Само со лична карта македонските граѓани може да патуваат и во Србија и во Албанија.

Исто така, Заев и Звиздиќ склучиле договор за соработка во областа на образованието според кој учениците и студентите ќе може да се запишуваат во двете држави под исти услови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…