Home Шоубизнис Од 2007 година во инвалидска количка, а Деки Станковиќ му подари нешто посебно: Звонко Милојевиќ го прослави роденденот

Од 2007 година во инвалидска количка, а Деки Станковиќ му подари нешто посебно: Звонко Милојевиќ го прослави роденденот

Патот на голманот Звонко Милојевиќ никогаш не беше лесен. Роден во Јагодина пред 53 години, уште како тинејџер влезе во првиот тим на Црвена звезда, а многу брзо стана препознатлив како најдобар чувар на мрежата кај црвено-белите.

Навивачите сѐ уште го паметат по легендарниот натпревар против Коло-Коло во Токио во 1991 година, кога Црвена звезда ја освои титулата светски клупски првак. Во текот на својата дваесетгодишна кариера, Милојевиќ бранеше и во странство, оставајќи длабок печат каде и да настапуваше.

Но, животот драстично му се промени во еден миг. Во сообраќајна несреќа во 2007 година, кај германски Ахен, се здоби со тешки повреди – скршеница на черепот, крварење во мозокот, повреди на нозете и ‘рбетот. Беше во кома 12 дена, а лекарите му даваа многу мали шанси.

– Тогаш ми откажаа сите органи, само срцето работеше – 12 отчукувања во минута. Малтене клиничка смрт… Но, не ми беше судено да заминам. Бог решил поинаку, се присетува Милојевиќ.

Од тој ден е врзан за инвалидска количка, но не се откажа од борбата.

– Тешко е, особено кога ќе се сетам што бев, а што сум сега. Но човек е силен онолку колку што може да издржи. Спортот ме научи дека нема предавање.

Пријателите му беа најголемата поддршка во таа борба.

– Мислам дека оваа состојба само ми покажа кој ми е вистински пријател, а кој не. Лесно е да бидеш добар во добро, но кога ќе дојде вистинскиот момент на криза – тогаш е најтешко. Повторно ќе нагласам, оваа ситуација ми помогна да видам кој вреди, а кој не – кажа Звонко.

Посебна улога во неговиот живот имал Дејан Станковиќ.

– Кога се женеше Деки Станковиќ, кумството го подели. Го венчаше Синиша Михајловиќ, а јас му бев црковен кум. Го зеде мене од Звезда, а него од Италија. Тој мене ми значи многу, речиси ми го спаси животот, нешто највредно во мојот живот, ми го подари. И не само тоа – денес ми вели: ‘Мој Лабуде, кажи што ти треба, твојот кум секогаш е тука за тебе.’ А јас му велам – ако не можам да решам нешто, барај друго решение, ама тешко дека нема да можам – рече тој во емисијата „Тоа е живот“ на Уна телевизија.

Иако судбината му донесе најголем предизвик, Милојевиќ не го губи својот оптимизам:

– Не е поентата во тоа човек да не падне, туку секојпат да се исправи. Секој ден се трудам да направам нешто повеќе од вчера. Мнозина би се откажале, но јас сум спортист – во мојот дух е борбата. Црвена звезда е мојот живот и никогаш не ме заборави.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …