Сонце, лето, џумлење надвор до доцна – звучи совршено, нели?
Додека со ентузијазам мачкаме SPF на лицето, честопати сосема забораваме на еден друг многу важен дел од телото кој страда под сонцето – очите.
Да, очилата за сонце се моден must-have, но вистинската заштита за очите – погоди што – доаѓа одвнатре! Благодарение на двоецот од светот на супер нутриенти: лутеин и зеаксантин. Звучи како нешто од грчка митологија, но всушност се твои најдобри сојузници против УВ зрачење и замор од екрани.
Што се лутеин и зеаксантин воопшто?
Замисли ги како телесни телохранители – антиоксиданси кои се „населуваат“ токму таму каде што најмногу се потребни – во макулата на окото (дел од мрежницата одговорен за остар и јасен вид).
Нивната супер моќ? Апсорбираат штетна сина светлина (да, онаа од сонцето и од екранот) и се борат против слободни радикали кои предизвикуваат оштетувања, замор и стареење на окото. Накусо – функционираат како природен филтер за сонце!
Како точно му помагаат на твоето око?
- Го блокираат сината светлина и го намалуваат напрегањето на очите
- Ја штитат мрежницата од оштетувања
- Ја забавуваат или дури спречуваат макуларната дегенерација (главен виновник за слабеење на видот кај постари лица)
- Ја намалуваат чувствителноста на светлина – крај со солзење на сонце!
Каде можеш да ги најдеш?
Во чинијата, секако! Храната богата со боја најчесто е богата и со овие антиоксиданси. Еве што да вклучиш на летното мени:
- Зелени чудесии: спанаќ, кељ, брокула
- Сончеви класици: пченка, црвени и портокалови пиперки
- Јајца (жолчката е злато!)
- Овошен микс: киви, грозје, боровинки
Секако, ако исхраната не ти е секогаш „Инстаграм перфектна“, можеш да се потпреш на суплементи – но избери паметно: освен лутеин и зеаксантин, барај и витамини А, Ц, Е, цинк и бакар. Визија за 10+!
Уште 3 антиоксиданс МВП играчи за здрав вид
Астаксантин – црвената ѕвезда од морските алги. Совршен за девојките што работат пред лаптоп по цел ден.
Maqui berry – тропска бобица која ги хидрира очите и помага при сувост (виновни: клима и екрани).
Шафран – да, токму тој луксузен зачин! Освен што изгледа убаво на Инстаграм, одличен е за острина на видот и уморени очи.
Сега е вистинското време да се грижиш за погледот
Нема потреба да чекаш први симптоми како заматеност, црвенило или умор. Очите се најосетливиот, но и најзаборавениот дел од телото кога зборуваме за нега. Па што можеш да направиш денес?
- Набави квалитетни очила со УВ заштита (и да, нека бидат стилски)
- Вклучи што повеќе „боја“ во храната – чинијата треба да изгледа како летен фестивал
- Додај суплементи ако си во фаза „секогаш во движење“
Beauty совет за секојдневието: Ако носиш леќи, работиш под силни светла или си постојано пред екран – овие антиоксиданси ти се потребни уште денес. Твоите очи ќе ти бидат вечно благодарни.
Заклучок? Погледот може да зрачи исто како и кожата. Заштити ги очите како што го штитиш лицето – затоа што здрав, бистар и одморен поглед е најубавиот моден детаљ ова лето.