Home Шоубизнис Очајна заработка од 7 фунти: За премиерата на Man Down продаден само еден билет

Очајна заработка од 7 фунти: За премиерата на Man Down продаден само еден билет

 Воениот трилер Man Down минатиот викенд имаше премиера во Велика Британија со заработувачка од седум фунти, бидејќи за проекцијата бил продаден само еден билет.

Режисер на филмот е Дито Монтиел, а Шиа Лебеф глуми маринец кој се враќа дома од Авганистан, каде увидува дека Америка е пост-апокалиптична пустина. Целта му е да ја пронајде својата жена (Кејт Мара) и синот (Чарли Шотвел). Во филмот уште играат и Џаи Кортни и Гери Олдман.

Филмот премиерно е прикажан на филмскиот фестивал во Венеција 2015 година.

И покрај катастрофалниот старт во Велика Британија, филмот во Америка заработи 454.000 долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …