Home Актуелно Облачна и ветровита среда

Облачна и ветровита среда

Времето во Македонија денеска, среда, 13. октромври, ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот од запад ќе се прошири нова облачност од која преку ноќта ќе започнат поинтензивни врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно, студено и ветровито. Од вечерните часови ќе биде облачно и преку ноќта со појава на повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Утре ќе има пообилни врнежи, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…