Home Актуелно Облачна и потопла среда

Облачна и потопла среда

Денешниот, деветти февруарски ден, во Македонија носи умерено до значително облачно време, во крајните североисточни подрачја ќе провејува слаб снег.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. До крајот на денот облачноста ќе се намали.

Максималните дневни температури ќе се движат од 3 до 13 Целзиусови степени: Скопје и Битола 8, Маврово 3, Охрид, Крива Паланка и Берово 5, Кавадарци 10, Дојран 13.

Утре времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност, претпладне со појава на магла по одделни котлини, а дневните температури ќе се двиѓат од 6 до 15 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…