Home Актуелно Облачен, ветровит и постуден четврток

Облачен, ветровит и постуден четврток

Времето во Македонија денеска, четврток, 16. март, ќе биде променливо облачно и постудено, во источните делови на места ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Ќе дува засилен до силен северен ветер, на повеќе места со брзина и над 70 км/час.

Во Скопје претежно облачно и ветровито со засилен северен ветер и дневна температура до 8 Целзиусови степени. Маврово 1, Охрид 7, Битола 5, Крива Паланка 3, Берово 4, Кавадарци 8, Дојран 10.

Утре времето ќе биде умерено облачно со умерен ветер од северен правец. Во Скопје умерено облачно со умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 4 до 14 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…