Обама се збогуваше со меѓународната заедница во Лима


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Во рамките на конференцијата во перуанскиот главен град Лима, следеше дводневниот самит на земјите од Азиско-пацифичка економска соработка (АТИС), на кој претседателот на Соединетите Американски Држави Барак Обама се збогува со меѓународната заедница, одговарајќи на бројни прашања за последен пат во својство на лидер на Белата куќа.

Најнапред Обама изјави дека лидерите од азиско-пацифичкиот регион одлучиле да се движат напред кон комерцијална трансакција со наследникот на функцијата Доналд Трамп.

Нашите партнери изнесоа дека сакаат да продолжат понатаму со ТТП. Сакаат да продолжат понатаму со САД, истакна Обама во рамките на пресконференцијата, која следеше по самитот во Перу.
Коментирајќи ги разговори со својот руски колега, американски претседател во заминување рече дека Владимир Путин изразил желба за постигнување на решение на кризата во источна Украина пред истекот на неговиот мандат.

Разговарав со него за Украина и потребата да се направи нешто. Повикав го да им нареди на преговарачите да работат со Франција, Германија, Украина, за да видиме дали можеме да направиме нешто пред да ми истече мандатот, објасни Обама.

По повод другата сериозна криза, која ја загрижува меѓународната заедница – онаа во Сирија, претседателот на САД, изјави дека не е оптимист за краткорочните перспективи во блискоисточната земја. Обама истакна дека станува тешко за умерените опозициски сили, откако Русија и Иран се одлучиле да го поддржуваат сирискиот претседател Башар Асад со кампањата по воздух. Според американскиот претседател Асад донел одлука да види земјаат уништена, а нејзиното население – распрснато, за да се задржи на власт.

На последната прес-конференција Барак Обама повика на трпеливост кон новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.

На прашање за некои од спорните ветувања од кампањата на Трамп, Обама изјави дека републиканецот ќе биде принуден да ги преиспита позициите штом ја сфати улогата што ја презел.

Не можам да гарантирам дека новоизбраниот претседател нема да ги подржува гони некои од позициите кои тој зазеде. Но, она што можам да гарантирам е дека реалноста ќе го принуди да го измени својот пристап кон многу од овие прашања. Тоа е начинот на кој се работи на оваа позицијат, коментираше Обама.

Истовремено Обама не пропушти да ја забележи улогата на својата земја. Американскиот претседател истакна глобалните одговорности на САД, опишувајќи земјата како “незаменлива нација во нашиот светски поредок.

Ние нема да бидеме во можност да се справи со секој проблем, но американскиот претседател и САД, ако не сме на страната на она што е правилно, тогаш тој (светскиот поредок) се распаѓа, коментира Обама. Нема кој да ја пополни празнината. Навистина нема.