Новинарот кој ја објави снимката со парите од „Рекет“ најави објавување на нови материјали


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот новинар Ларис Гаисер, кој ја потпишува веста со објавата од видео и аудио снимките на кои се гледа како Орце Камчев му ги предава парите за поткуп на Боки 13 и Зоки Кичеец, засега единствени осомничени и притворени во актуелната афера „Рекет“ која ја тресе Македонија, најави дека ќе објави нови шокантни документи и материјали поврзани со овој случај.

На аудио снимката се слуша како Боки 13 му вели на Камчев дека Катица Јанева нема да преземе правни мерки против него и ќе биде на слобода, најави нови репортажи и документи за, како што вели, корупцијата во македонскиот судски систем под палка на политичарите.

„Со текот на годините, Европската унија поддржи промена на власта со цел Заев да дојде на власт и да се редуцираат Македонците и да се лимитра суверенитетот на Македонија, а потоа со изговор на владеењето на правото одреден е Специјален јавен обвинител (Катица Јанева) со една задача – да се елиминираат политичките противници на сегашната влада дури и со спроведување на систем на изнудување под директна контрола на политичкиот систем. Во следните неколку денови ќе објавиме шокантни документи за кои искрено се надевам ќе и помогнат на Македонија да го најде својот пат кон демократијата“, напиша Гаисел на фејсбук.

Набргу потоа, тој во друг фејсбук пост напиша: „Мафијашки систем функционери под закрила на врвните поличарите“.