Нови 1.172 случаи на Ковид-19 во Македонија во последното деноноќие


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 1172 новозаразени пациенти со коронавирусот, а 13 луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 4021 тестирања.

Меѓу починатите има и лице од Велес на 30 години, и едно од Битола на 32 години. Останатите починати се на возраст од 59 до 84 години. Дванаесет луѓе починале во изминатите 24 часа, а еден починал на 15 јануари, но бил пријавен денеска. Петмина од починатите биле целосно вакцинирани. Регистрирани се 553 оздравени пациенти.

Најмногу од новите случаи се регистрирани во Скопје – 629, Битола 109, Куманово 64, Охрид 53, Штип 36, Тетово 35, Кавадарци 30, Велес и Кичево по 27, Прилеп 25, Струмица 24, Гостивар 23, Ресен 20, Гевгелија 19, Струга 11, Неготино 9, Свети Николе 7, Крива Паланка и Богданци по 5, Кочани 3, Радовиш и Виница по 2, Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран по еден.

Од вкупниот број на позитивни (1.172), регистрирани се 145 реинфекции.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104.