Амал Клуни отсекогаш важеше за синоним на долга, темно-кафеава коса што блеска и маѓепсува со својот волумен.
Сепак, овој пат таа одлучи да направи мала, но впечатлива промена која веднаш нè освои – вистинско освежување за есенските денови. Ако имате долга коса, задолжително забележете ги сите детали.
Познатиот фризер Димитрис Џианетос, кој стои зад оваа трансформација, откри на Инстаграм дека овој пат не само што ги скратил оштетените врвови, туку направил вистинско скратување. Фризурата ја надополнил со феноменалниот “bubble blowout” стил – волуменозни, благи бранови кои внесуваат движење и елеганција, а сето тоа со видлива леснотија и префинетост.
Џианетос открил дека Амал ја скратила косата за околу 6–8 сантиметри, ги осветлила врвовите со суптилни прамени и ја затемнила основната боја, давајќи ѝ на лицето моментален сјај. „Амал никогаш досега немала ваква фризура“, признал фризерот и додал дека разделбата е направена на страна, додека горниот дел од косата останал речиси рамен, а од средината кон врвовите создадени се опуштени, меки локни кои совршено го следат природното движење на косата.
Освен за косата, Џианетос се погрижил и за шминката на Амал на настанот на Фондацијата за правда Клуни. Фокусот бил на smokey eyes во кафеави тонови, со повеќеслојна маскара и дискретен сјај во внатрешниот агол на окото, нежно розево руменило на образите и nude-кафеав кармин со сатенски финиш, што целосно го заокружил елегантниот, а сепак свеж изглед.
Резултатот? Амал изгледа модерно, гламурозно, но не нападно – совршена инспирација за сите кои сакаат да внесат нов сјај во својот стил оваа есен.