Нова војна во светот – Саудиска Арабија со коалицијата го нападнаа Јемен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска започнаа воздушни напади врз престолнината на Јемен, Сана, и јеменскиот пристанишен град Ходеида, со намера да ги запре нападите врз нејзините нафтени постројки што ги изведоа бунтовничките Хути, јавија саудиските медиуми, пренесуваат британските медиуми.

Движењето Хути е поврзано со Иран и контролира голем дел од северен Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана, а коалицијата наведува дека со воената акција сака да ги „заштити глобалните извори на енергија“.

Коалицијата претходно соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала над Јемен што биле лансирани врз нафтените постројки на Саудиска Арабија во Ходеида на Црвеното Море и ги повика цивилите да не престојуваат во близина на кое било нафтено поле или објект во градот.

Можеби ќе ве интересира
ДЕЦАТА МИ РЕКОА ДА СЕ МОЛАМ ЗА НИВНИТЕ ТАТКОВЦИ Тие само…

МИА 26/03/2022
РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ УКРАИНСКИОТ ГРАД ВИНИЦА Русите стрелале…

МИА 25/03/2022
Хутите вчера соопштија дека почнале со напади врз саудиските енергетски капацитети, а коалицијата предводена од Саудиска Арабија изјави дека е погодена фабриката за дистрибуција на нафтени деривати на нафтениот гигант Арамко во Џеда. Пожар имало во два резервоара, но нема жртви.

Локалната телевизија поврзана со Хутите јави дека коалициските воени авиони извршиле напади врз градот Ходеида и дека летовите се уште се во тек, додека жителите изјавиле дека нападите биле во близина на пристаништето Ходеида, пренесоа британските медиуми.

Исто така, нападнати се и пристаништето Салиф, електроенергетската корпорација и нафтените постројки во Ходеида.