28/08/2025
Семејството Гудел стана побогато за еден нов член, а ни Анастасија Ражнатовиќ не можеше да ја сокрие својата среќа и возбуда.
Ќерката на Цеца ги изненади следбениците на Инстаграм со објава од преслатко кученце кое веднаш ги освои срцата на сите што го видоа.
Имено, новиот миленик пристигна благодарение на сестрата на Немања, Вања Гудел, која во нивниот дом донесе мало крзнено другарче.
Анастасија покрај снимката напиша „Нов миленик“ и ја означи Вања, а додаде и емотикон со солзи во очите, што јасно покажува колку ја разнежило малото кученце.
Како што откри, шепастото го нарекле Реј, а неговиот немирен поглед и нежни шапички за кратко време станаа главна тема меѓу фановите.
Нема сомнеж дека Реј наскоро ќе стане миленик на целото семејство, бидејќи веќе го привлекува вниманието и внесува посебна топлина во нивниот дом.
Анастасија и Немања живеат во Севилја, каде што веќе извесен период уживаат во медитеранскиот начин на живот. На социјалните мрежи често ги споделуваат заедничките моменти – било да се на прошетка, романтична вечера или во домашна атмосфера, а сега нивните објави ќе бидат збогатени и со разиграните слики на новиот миленик.
Сепак, пред нив се и нови предизвици. Како што пренесуваат домашните и странските медиуми, Немања Гудел следната сезона ќе игра за холандскиот Ајакс, па се очекува брачниот пар да се пресели во Амстердам.
Фотографија:
