Ако вашиот Instagram и TikTok не се преполни со панделки, тогаш нешто сериозно не е во ред со алгоритамот.
Панделките се вистински хит оваа година и стануваат детаљот што прави разлика, без разлика каде ќе ги додадете – во фризура, обувки, гардероба, домашна декорација, шминка, па зошто да не и на маникирот.
Bow Nails е стил кој произлегува од популарните balletcore и coquette трендови, кои веќе стекнаа огромна популарност на TikTok, а се базира на создавање на исклучително женствен изглед каде доминира светло розовата боја – без разлика дали станува збор за облека, шминка или нокти.
Мали или поголеми панделки, на еден или повеќе нокти, нацртани или во 3D форма – можат да се додадат на било кој едноставен маникир или да се комбинираат со други актуелни трендови за нокти, како францускиот маникир или хром ефектот. А бидејќи февруари почна, а овој месец сите сме малку поромантично расположени, во галеријата подготвивме листа од 10 идеи за nail art дизајни каде панделките се вистински ѕвезди.