Home Мода и убавина Нокти со изглед на овошна кора – летен тренд што ќе ги претвори вашите нокти во сочно овошно совршенство!

Нокти со изглед на овошна кора – летен тренд што ќе ги претвори вашите нокти во сочно овошно совршенство!

По минатогодишниот TikTok хит „farmer’s market nails“, кој го освои светот благодарение на Кајли Џенер, летово ни пристигнува нов, уште посладок тренд што буквално го буди апетитот.

Подгответе се за fruit skin nails — маникир кој личи на кора од зрело овошје и изгледа како да сте ги потопиле ноктите во најсвежиот смути на сезоната!

Што точно претставуваат fruit skin nails?

Замислете ви ноктите да личат на кора од праска, лубеница, смоква или црвено грозје. Да, звучи необично — но изгледа фасцинантно, уметнички и ултра летно. Овој тренд бара прецизност и креативен пристап, па затоа се препорачува да се препуштите во рацете на професионална уметница за нокти, бидејќи целта е површината на ноктот да личи токму на вистинска текстура од овошје — реалистично, сочно и примамливо!

Кои бои доминираат?

Се разбира — овошни! Во тренд се потемни црвени и портокалови нијанси, заедно со бели детали што потсетуваат на кора од праска или јаболко. Инспирација можете да пронајдете и во кората на киви, портокал или дури и ананас. Важно е само едно: одберете овошје кое ве радува – и дозволете тоа да биде водилка на целиот маникир.

Пред да седнете во салонот, покажете и неколку фотографии на вашата мајсторка за нокти – колку е пореален примерот, толку поефектен ќе биде резултатот!

Зошто го обожаваме овој тренд?

Затоа што е различен, игрив, храбар и совршен за летните денови исполнети со сорбети, егзотични коктели и безгрижни прошетки под сонце. Fruit skin nails се идеален избор за девојките кои сакаат да се издвојат и да ја покажат својата сочно-стилизирана страна.

Летно овошно лудило на ноктите

Ако ви треба причина да го освежите летниот маникир, ова е моментот. Закажете термин во вашиот омилен салон и кажете и на вашата уметница за нокти: „Сакам нокти што личат на праска!“

Погледнете ги нашите омилени fruit skin nail изгледи и подгответе се оваа сезона – наместо накит – да носите најсочниот аксесоар на рацете.

Затоа што ова лето е сè – само не досадно!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

СПФ секогаш при рака: 6 стикчиња за заштита од сонце во движење

SPF во џеб: 6 стикчиња за заштита од сонце додека си во движење Во време кога веќе немаме …