Николина Ковач ја отвори душата: Не сакав да ги запишам децата во таа школа…
Николина Ковач и Саша Капор со години важат за еден од најскладните парови на естрадата. Нивната љубовна приказна поминала низ многу успони и падови, а во еден момент дури размислувале и за развод. Сепак, двајцата решиле да се борат за своето семејство, па денес со гордост можат да кажат дека од тешките моменти излегле посилни и поустоени.
Николина отворено зборуваше за современите релации, истакнувајќи дека, според неа, денешните односи премногу се базираат на интерес, наместо на вистински вредности:
„Денес сите склопуваат пријателства и бракови од корист. Порано сето тоа се правеше поради љубов, а меѓу луѓето денес речиси и да нема компромис. Што се однесува до неверство, не би сакала премногу да зборувам на таа тема, но за еден однос да опстане, мора двајцата да направат компромис и редовно да разговараат ако се појават проблеми,“ изјави пејачката за Блиц.
Пејачката нагласи дека клучот за хармоничен брак е прифаќањето на недостатоците на партнерот:
„Јас ги научив неговите маани и доблести, исто како што и тој ги прифати моите. Всушност, сите ги имаме и тие, и бидејќи тој е поексплозивен, кога ќе влезе во таа фаза, јас чекам 5-10 минути и тоа едноставно поминува. Според мене, како што велат — нема потреба да се фрла масло на оган.“
Николина се осврна и на изборот на образование за своите деца, објаснувајќи зошто се решила за државно училиште:
„Не сакав да ги запишам децата во приватно училиште, иако можев. Мислам дека државното училиште многу подобро ќе ги подготви за живот, ќе ги социјализира како што треба, така што, секако дека има разлика во сето тоа.“
На крајот порача дека ги почитува туѓите избори, но дека таа останува доследна на едноставните животни вредности:
„Нормално, нека прави секој како што мисли дека треба, не се мешам во тоа во кое училиште некој од колегите ќе го запише своето дете.“