Ни во плиткото да не е раат човек


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


На Италијанецот Кристијан Кастања му се случила непријатна ситуација додека пливал блиску до една од грчките плажи.

Додека бил во поплитките делови од морето, одеднаш почувствувал нешто необично на грбот. Станувало збор за октопод кој му се залепил и никако не се симнувал од неговиот грб.

Не се знае точно каде и како се случило ова, но се гледа дека Кастања успеал добро да се снајде со „неочекуваниот гостин“ на грбот.

Кога го забележа октоподот на неговиот грб, се обиде да го тргне – но безуспешно, октоподот не се ни помрднувал. Потоа се приближиле похрабри луѓе и му помогнале, а кога Кристијан успеал да го симне од грбот, октоподот се префрлил на неговата рака.