Home Шоубизнис Ни оваа, ни онаа – ТАА има најмногу прегледи на YouTube во 2017

Ни оваа, ни онаа – ТАА има најмногу прегледи на YouTube во 2017

Со хитовите „Perro Fiel“ и „Me Enamorе“, колумбиската пејачка Шакира го стекна престижното прво место на листата на пејачки со најмногу прегледи на YouTube платформата во изминатата 2017 година.

„Колку е убаво да се започне новата година знаејќи дека ми давате толкава поддршка. Ве сакам многу“, го сподели задоволството и радоста со своите фанови на Инстаграм.

A post shared by Shakira (@shakira) on

Минатата година беше многу успешна, но и многу стресна за Шакира. Покрај здравствените проблеми кои ги имаше, кои замалку ќе ја натераа да ја откаже светската турнеја, таа мораше да се справува и со притисокот од шпанската јавност која го обвинуваше нејзиниот маж за предавство.

Имено, Џерард Пике е страсен борец за независност на Каталонија и тој неколкупати го кажа тоа во јавност токму додека траеја притисоците на каталонскиот народ врз владата. Шакира беше на мета на шпанските националисти кои сакаа да допрат до Пике преку неа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …