Home Живот и здравје Невидливи последици од лош сон: Доволни се само три ноќи за срцето да почне да страда – и тоа тивко

Невидливи последици од лош сон: Доволни се само три ноќи за срцето да почне да страда – и тоа тивко

Во свет во кој сè брза, спиењето станува луксуз што често се жртвува поради работа, излегувања, ливкање по телефон… но телото сè памети.

Ново научно истражување открива: доволни се само три ноќи со лош сон за да се загрози здравјето на срцето – и тоа незабележливо, без да почувствуваш ништо необично.

Што вели науката?

Престижниот Универзитет во Упсала (Шведска) изврши истражување кое покажа загрижувачки податоци. Веќе по само три ноќи со 4 часа сон, кај испитаниците се појавиле значајни промени во крвта – нагло зголемување на воспалителни протеини кои директно влијаат врз здравјето на срцето.

Овие протеини се вообичаено активираат кога телото е под стрес или се бори со болест. Ако останат покачени подолг период, можат да ги оштетат крвните садови и да го зголемат ризикот од аритмии, срцева слабост и болести на коронарните артерии. Со други зборови: срцето страда, а ти не ни знаеш.

Во експериментот учествуваа…

Испитаниците – млади, целосно здрави мажи – следеле два различни режими: три ноќи со нормален сон (8,5 часа) и три ноќи со намален сон (4,25 часа). Во двата случаи биле анализирани речиси 90 различни протеини од примероци на крв. Резултатот? Лошиот сон јасно е поврзан со зголемување на воспалителните маркери и намалување на позитивните ефекти од вежбање.

Да – дури и ако тренираш, недостатокот на сон ги поништува дел од придобивките од физичката активност. Телото не може да се регенерира ако не се одмори. И тоа не е мит – тоа е измерено.

И времето на вадење крв е важно

Уште еден интересен податок: времето кога биле земани примероците крв влијаело врз резултатите – нивото на протеините варира зависно од добата во денот, особено кога недостига доволен сон. Тоа значи дека лошиот сон не менува само што се случува во телото, туку и кога се случува тоа.

Заклучок за твоето здравје и убавина

Сонот не е „опција“ која можеме да ја прескокнеме за да постигнеме повеќе во денот. Тој е подеднакво важен како исхраната и вежбањето. Телото не заборава, дури и кога ние се обидуваме. Секоја преспиена ноќ остава трага – и тоа тивко.

„Beauty sleep“ е реалност. Еве како да го обезбедиш:

– Одржувај рутина – легнувај и станувај во слично време, дури и за време на викендите
– Исклучи ги екраните барем 30 минути пред да легнеш
– Направи темно, тивко и свежо опкружување за спиење
– Избегнувај тешка храна и кофеин навечер
– Ако можеш – кратка вечерна медитација или прошетка прават чуда

Твоето срце (и твојата кожа!) ќе ти бидат благодарни. Спиењето не е мрзеливост. Тоа е твојот дневен ресет – за телото, умот и духот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…