Неверојатна сличност со Сања Маринковиќ: Вака изгледа втората сопруга на Александар Ухрин
Александар Ухрин и Сања Маринковиќ во 2020 година ставија точка на својот брак. По разводот останаа во коректни односи за да обезбедат на својот син Страхиња што понормално детство и поздраво опкружување.
По разделбата, Александар ја запознал Јелена, која пред нешто повеќе од една година му стана сопруга. Со својот изглед и става, Јелена неодоливо потсетува на поранешната сопруга Сања Маринковиќ.
Иако Александар претходно не го експонираше јавно својот љубовен живот, Јелена денес нема проблем да покаже колку е среќна и вљубена во својот сопруг.
Сања Маринковиќ претходно зборуваше за разводот како за процес кој траел со цел да го подготват синот на таа одлука:
– Да ги слушав навреме родителите, ќе се разведев порано. Многу ми значеше поддршката од семејството. Верував во љубов за цел живот, со таа идеја и се омажив. Денес верувам дека има повеќе големи љубови отколку големи бракови. Мислам дека бракот е надмината институција. Денес ми изгледа како бизнис модел – рече Сања.
За припремата на синот Страхиња изјави:
– Не го соочив веднаш детето со вистината… сè додека не му дадов примери како живеат неговите другарчиња чии родители се разведени… Еден ден рече: „А мама, ова е развод…“, му реков: „Така е, гледаш дека ништо не недостасува“, и тогаш му ја кажав вистината.