Home Вебкафе Неверен сопруг, гневна сопруга, дете и една швалерка – типична сцена од шпанска серија, само реална (снимка)

Неверен сопруг, гневна сопруга, дете и една швалерка – типична сцена од шпанска серија, само реална (снимка)

На паркинг пред трговскиот центар „Волмарт“ во мексиканскиот град Тамаулипас дошло до физичка пресметка помеѓу изневерена сопруга и швалерката од нејзиниот неверен сопруг.

Имено, неименуваната госпоѓа добила дојава дека нејзиниот сопруг е во трговскиот центар со својата љубовница, па брзо пристигнала пред трговскиот центар и го изненадила парот на излегување.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледа како бесната сопруга ја зграпчува соперничката одзади, ја фрла на земја, а потоа ја влече и клоца.

Неверниот сопруг се обидел да ги раздели жените, се заканувал со повикување полицијата, а Ел Универзал пренесува дека и детето, најверојатно нејзино, се обидело да ја смири разбеснетата жена.

„Не е таа виновна“, се слуша како момчето во еден момент вели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…