Nestle го загуби деценискиот спор: Немаат ексклузивно право на „четирите ребра“ од KitKat


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жалбата на Nestle во врска со деценискиот спор кој го водеше компанијата за ексклузивното право на формата на еден нивни производ беше отфрлена од Европскиот суд на правдата.

Компанијата за производство на чоколадни производи 11 години водеа спор со тврдењето дека единствено тие имаат право на обликот на еден од нивните најпрепознатливи брендови, форматот „четири ребра“ од KitKat

Станува збор за правна битка која Nestle долг период ја води околу KitKat чоколадите и заштита на нивниот облик со „четири ребра“, против кој се бореше конкурентската компанија Cadbury.

Одлука на највисокиот европски суд, која беше соопштена денеска, ја потврди претходната судска одлука која не дозволи заштита на обликот на KitKat чоколадите, бидејќи тие не биле доволно препознатливи низ сите ЕУ земји членки за да се оправда заштитата на интелектуалната сопственост.

„Четирите трапезоидни чоколадни блокови поставени на правоаголна основа“, како што Судот го опишал обликот на KitKat чоколадите, „нема да имаат заштита од копирање“.

Одлуката практично дозволува на супермаркетите и производителите на чоколади да произведуваат свои чоколади со истиот облик.

Одлуката е голем удар за Nestle, кои потрошиле 11 години во скапи правни спорови низ европските судови, откако во 2002 година KitKat побарале заштита на нивниот дизајн во Канцеларијата на Европската Унија за интелектуална сопственост.

Првично бил одобрен заштитениот статус на брендот, но таквата одлука во 2007 година била оспорена од Cadbury Schweppes, со што започнала правната битка.